Крај на школската година 2022/2023

Нашите предци ни оставиле големо наследство - ЈАЗИКОТ. Љубовта кон мајчиниот јазик е неизмерна, затоа што тој е најголемото богатство на еден народ. Токму затоа, и ние треба да го пренесуваме ова богатство на идните генерации како благодарност кон нашите предци. 

Македонскиот јазик - наше непроценливо богатство. 
Македонскиот јазик - симбол на националното постоење.

Мојот јазик - тоа сум јас 

Така и нашите деца тука во Швајцарија ја продолжуваат традицијата да го зачуваат битието на нашиот народ - нашиот јазик и успешно ја завршија наставата по македонски јазик што се организира во оваа учебна 2022/23 година што се реализираше во градовите Женева, Фрибург, Ивердон, Екублан, Ешалан, Веве и Пиду. 

Нека им е честито на дечињата успешно завршената настава и со нови сили и предизвици ги очекуваме да започнат во новата 2023/24 година.

Им посакуваме долго топло лето и убав одмор. 

Се гледаме наскоро за нови знаења, дружења, другарување, пеење, читање, играња.. 

 

 

 

Affichages : 645