Наставниците по македонски јазик во светот

Големо а сепак македонско

Учиме Македонски - Apprenons le macédonien

Да се биде Македонец и Македонка надвор од географските граници на својата земја со себе носи многу предизвици.

Како наставници и професори по македонски јазик сегашноста ни нуди да бараме начини и модели за тоа како да дејствуваме како просветни работници во земјите во кои што живееме и да дејствуваме во насока на зачувување на македонскиот јазик. Ние ги учиме нашите ученици да зборуваат на македонски јазик, ги учиме да пишуваат со кирилично писмо, ги учиме како се сака и почитува нашиот фолклор и што е традиција.

Нашата задача е многу одговорна и благородна. Да им јa пренесеме љубовта кон земјата од која потекнуваат, да бидеме мостот по кој тие уште од најраното детство ќе чекорат храбро и гордо. Да ги научиме да знаат колку е важно да се идентификуваат себе си, колку е голема нашата земја надвор од нејзините граници и дека е важно да знаат да ја имаат душата на својот народ и добрината на истиот.

Здружението на наставници по македонски јазик во светот во пресрет на еден од најубавите празници Божик подготви снимки од сите делови на светот.

Наставниците и професорите со своите ученици подготвија свои снимки преку кои на македонски јазик испраќаат најубави желби. Учениците кои учествуваат во овој проект се среќни што зема учество и го даваат својот допринос.

Погледенете ги учениците од Канада, Европа и Австралија. Се надеваме дека ќе ни се придружат и ќе не поддржат уште многу наши колеги и колешки. Ние, како ментори на нашите ученици се надеваме дека љубовта со која тие го учат македонскиот јазик ќе расте и дека секоја нова учебна година во сите делови на светот ќе се отвараат нови училишта во кои ќе се учи и зборува на македонски јазик. Нека пламенчето на надеж силно гори и ни го осветлува патот.

Македонскиот јазик со сета своја убавина нека го учат и зборуваат сите Македонци каде и да се. Македонци во Македонија, Македонци во светот Ви посакуваме среќни празници.

Христос се роди! Вистина се роди!

„Здружение на наставници по македонски јазик во светот“

Кординатори на проектот:

- Ивана Брезовец, професорка по македонски јазик во Република Хрватска

- Анастасија Га, професорка по македонски јазик во Сојузна Република Германија.

Видео монтажа: Кирчо Анастасов

https://bregalnicki.mk/na-ubava-chestitka-video-poraki-na-uchenicite-po-makedonski-azik-i-kultura-od-cel-svet/

Видео: https://drive.google.com/file/d/1UDzFV2wV_4xVvV8CoJOV-DC-wefiC6tL/view?usp=sharing

 

Affichages : 158